Захарова:Граѓанска војна би можело да ја проголта цела Украина

По прогласувањето на воена состоја во Украина Москва е загрижена дека би можела да избие граѓанска војна. Русија ги повика ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни организации да обрнат внимание на кршењето на човековите права во таа земја, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Како што пренесе ТАС, зборувајќи за прогласувањето на воената состојба во десет украински региони Захарова рекла:
„На украинската војска и се доделени ексклузивни овластувања, вклучително и вонсудска употреба на сила, што претставува сериозна опасност, бидејќи граѓанска војна би можело да ја проголта целата земја“.
Како што изјавува Захарова законот со кој воената состојба е прогласена поради возвраќање на руската агресија, наложува ограничување на основните човекови права и слободи, вклучително и слободата на изразување, собир и движење.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: