Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека американската противракетна база во Реџиково во Полска е „приоритетна цел за потенцијална неутрализација“.
„Со оглед на нивото на закани од таквите воени објекти на Западот, базата за противракетна одбрана во Полска одамна е вклучена меѓу приоритетните цели на потенцијална неутрализација. Доколку е потребно, тоа може да се постигне со употреба на широк опсег на напредни оружја“, рече Захарова, пренесе ТАСС.
Захарова претходно оцени дека денеска интензивирањето на конфронтацијата на Западот со Русија нема да го подобри животот во Европа.