Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски создава услови за можен нуклеарен конфликт и ги саботира мировните иницијативи.
„Тој во суштина продолжува да провоцира нуклеарен конфликт со вакви изјави. Покрај тоа, Западна Европа ризикува да стане првата жртва на оваа нуклеарна уцена”, рече Захарова, пренесува Спутник.
Според неа, украинскиот претседател „очигледно не сака мир“ и додава дека режимот во Киев го користи прашањето за нуклеарно оружје како уцена со поддршка на своите западни партнери.
„Што им е гајле? Секој ден, со аплауз, а понекогаш дури и придружени од нивните спонзори од НАТО, тие ја користат темата за нуклеарно оружје или нуклеарна енергија како уцена“, рече таа.
Захарова наведува дека припадниците на вооружените сили на Украина сакале да користат „опрема на НАТО со оружје од западно производство“ за да ја заземат и минираат нуклеарната централа Курск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина треба да добие членство во НАТО и нуклеарно оружје како безбедносни гаранции.
Рускиот претседател Владимир Путин на состанок за ситуацијата во пограничните области на 22 август 2024 година објави дека претходната ноќ вооружените сили на Украина се обиделе да извршат напади врз нуклеарната централа Курск, а потоа продолжиле со обиди за напад врз нуклеарната централа во Курчатов.
Во ноември, Министерството за одбрана на Русија ги презентираше извештаите на Државната служба на Украина за вонредни ситуации поврзани со наводниот план за заземање на нуклеарната централа Курск.
The post Захарова: Изјавите на Зеленски можат да доведат до нуклеарен конфликт, Западна Европа ризикува да стане првата жртва! appeared first on Во Центар.



