Зачинето есенско кафе што ќе ви ја стопли душата

Потребни состојки:
350 милилитри свежо подготвено црно кафе
1 супена лажица органски путер
1 супена лажица незасладен сируп од ванила или карамела
1 кафена лажичка микс од зачини (рецептот е подолу)
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете кремаста смеса. По желба, декорирајте со домашно подготвена шлаг пена и стапчиња цимет.
Во продолжение ќе го најдете и рецептот за комбинација од зачини што можете да го користите за повеќе намени…

Микс од зачини
Потребни состојки:
30 грама смелен цимет
2 супени лажици смелен ѓумбир
1 супена лажица смелено морско оревче
2 супени лажици смелено каранфилче
Начин на подготовка:
Комбинирајте ги сите состојки, добро измешајте и ставете ги во тегла. Затворете добро за да не влегува воздух.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.