Заштедете и испечете костени дома: Еве како совршено да ви излезе печениот „десерт“

Не е потребно многу мудрост за печење костени.
Сепак, многумина избегнуваат да го прават тоа дома, бидејќи им изгледа како премногу работа, а потоа фрлаат пари на прескапите костени од улица.
Сепак, многу е лесно. За почеток ви требаат свежи костени и нож. Но, не било кој!
За да избегнете исеченици, земете остар нож за леб. Секој костен исечете го во ширина, додека лушпата убаво не се отвори.
Потоа во тенџере префрлете ги исечените костени, додадете вода и малку сол.
Оставете да се крчка додека не зоврие, а потоа извадете ги костените од водата, префрлете ги во плех и ставете во рерна загреана на 220 степени да се печат 15 минути.
Кога ќе се испечат костените, ставете ги на чинија, покријте ги со крпа и оставете да отстојат околу 5 минути. Ова ќе го олесни чистењето.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.