Заштедила 13 илјади долари за една година – еве како да успеете и вие во тоа

Доколку секој месец се мачите да споите крај со крај, можеби можат да ви помогнат финансиските совети на Кана Кембел која ја основала страницата “Sugar Mamma”.
Оваа австралиска блогерка тврди дека со помош на неколку трикови можете значајно да заштедите.
Отворете посебна сметка за штедење

 

View this post on Instagram

 

Learning the art of a red lip! Thank you @maccosmeticsaustralia

A post shared by Canna Campbell (@cannasass) on


Кана за 13 месеци заштедила 13 илјади долари и тврди дека е клучно да ја одвоите сметката од која трошите и сметката на која штедите пари.
“Не смеете да имате една сметка бидејќи можете случајно, или пак намерно, да ја потрошите вашата заштеда. Без оглед на тоа дали ја чувате заштедата под перница или на сметка, не ја ставајте на исто место со вашата плата”, советувала Кембел.

На крајот од денот соберете ги сите банкноти и монети
Кана секојдневно го завршува денот со претресување на своите тобрички и паричник и со собирање на сите банкноти и монети кои таа ги има.
“Луѓето едноставно забораваат на монетите на нивната работна маса или во автомобилот. Употребете ги на добар начин – соберете ги”, истакнува таа.
Исчистете ја сметката еден ден пред платата
“Постои нешто охрабрувачко во тоа на денот на вашата плата, сметката да ви биде израмнета со нула. Дури и доколку на сметката ми останал еден долар, јас го префрлам на сметката за штедење”, вели Кана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.