ЗАШТИТЕТЕ ЈА КОСАТА ОД СУШЕЊЕ И КРШЕЊЕ: Редовната нега и носењето капа е спас за косата во овој период од годината

Студеното време може да ја оштети вашата коса, па ако претходно не сте ја негувале правилно, знаете како изгледа по зимата.
За да остане здрава и сјајна, ѝ треба заштита. Затоа ви носиме неколку корисни совети кои треба да ги примените веднаш штом ќе падне температурата.
НОСЕТЕ КАПА
При ладен или силен ветер, важно е да ја покриете косата со капа за да ја заштитите од сушење, а ако не го направите тоа, таа ќе стане кршлива. Волната може да предизвика и пукање на косата, па најдобро би било капата да е од мек материјал или уште подобро – од свила или сатен.
ШИШАЈТЕ ЈА РЕДОВНО КОСАТА
Косата треба да се скратува на секои четири до осум недели за секогаш да биде здрава и да изгледа свежо. Само отстранете еден сантиметар или два од врвовите за да ја видите промената на подобро.
НЕ ТУШИРАЈТЕ СЕ СО ТОПЛА ВОДА
Иако топлиот туш е нешто што го обожаваме кога доаѓаат студени денови, тој ја суши косата и ја прави кршлива и не многу убава. Затоа измијте го со млака вода и исплакнете со ладна.
КОРИСТЕТЕ МАСЛА
Кога студениот воздух ја оштетува вашата коса, вратете ја нејзината влажност со масло. Користете лесни формули и нежно нанесувајте го на врвовите на косата секој ден, само не претерувајте.
ПОТРЕБНИ СЕ РЕГЕНЕРАТОР И МАСКИ
Негувањето на косата е приоритет кога ќе дојде зима – нанесете регенератор или маска и оставете да делува неколку минути. Овој чекор е особено важен ако често ја пеглате или ја виткате со топли електрични преси или пегли за виткање.
НЕ ЈА МИЈТЕ ЧЕСТО
Ако ја миете косата секој ден, време е за промена. Пречестото миење на косата ќе ја иритира косата и ќе ја лиши од природните масла кои служат како заштита. Ова е особено важно кога доаѓаат студени денови. Затоа, мијте ја најмногу два пати неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.