Зајкова: Ајде колеги, сите на нотар, или сте за „само со македонско државјанство“ или манипулирате?

Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава!

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, преку видео ги повика колегите пратеници  уште денеска да појдат на нотар и да дадат изјава дека имаат само македонско државјанство.

-Ајде колеги, сите на нотар со иста изјава – да се види дека е став, а не популистички потег. Или сте за „само со македонско државјанство“ или манипулирате. Јас не манипулирам, еве ја мојата нотарска изјава! – вели Зајкова.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесоа измени на Законот за пратеници со кои пратениците мора да имаат едно, однодно македонско државјанство. Измените на законот ги поддржаа и од СДСМ но најавија дека ќе поднесат амандман тие да важат и за актуелниот собраниски состав. СДСМ денеска  поднесе измени на законот за Влада со кои се предлага сите избрани и именувани функционери да имаат само македонско државјанство

Пронајдете не на следниве мрежи: