За Американците борбата против тероризмот е главната надворешнополитичка цел

 Главната надворешнополитичка цел за повеќето Американци е борбата против меѓународниот тероризам, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение што го спровел институтот Gallup, спроведена од 7-ми до 10-ти февруари.Борбата против тероризмот на листата од десетте најважни надворешнополитички цели го заземала првото место, бидејќи тоа е приоритетното прашање за дури 88 отсто од испитаниците во анкетата.Американците, исто така, многу висок приоритет му даваат и на спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје и другото оружје за масовно уништување – 83 отсто, како и во обезбедувањето на адекватните резерви енергија за својата земја – 82 проценти.Многу помалку Американците се заинтересирани за промовирање и заштитата на човековите права во другите земји, а на оваа надворешнополитичка цел како многу важна поддршка ѝ дале 52 отсто од испитаниците. Уште помалку, само 31 отсто, сметаат дека е важно промовирањето на економскиот развој и градењето демократија во другите земји.
Макфакс Главната надворешнополитичка цел за повеќето Американци е борбата против меѓународниот тероризам, покажува

Пронајдете не на следниве мрежи: