Според Али Ахмети засега најдобар кандидат за консензуален кандидат за претседател на државата е Денко Малески. ,,Но сепак останува за ова да разговараме со сите политички субјекти”, додава Ахмети во изјава за ТВ 21.
„Досега не сме зборувале за имиња, но мислам дека Денко Малески е угледен професор, професор што ги исполнува сите стандарди, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање. На прашањето дали тој мисли да се кандидира за претседател, Ахмети негира.
„Не е скромност да кажам дека никогаш не сум размислувал да бидам на државата. Ако се земе како теза, за претседател на државата во услови во кои јас влегов во политиката, треба да бидеме рационални и транспарентни. Секако дека остануваме на нашите принципиелни ставови дека на оваа земја и треба консензуален претседател”.