За бегството на Груевски Русковска ќе бара одговорност и кај врвот на МВР 

Во предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски OЈО за организиран криминал и корупција, ќе истражува дали има пропуст и одговорност и кај врвот на МВР. Тука се мисли на министерот Оливер Спасовски и директорите на БЈБ и УБК, како надлежни за обезбедување и проценки за бегство на експремиерот на Македонија.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска, за порталот СДК.МК вели дека нејзиното обвинителство во наредните две недели ги очекува снимките од безбедносните камери од Црна Гора и тоа од граничните премини Албанија – Црна Гора и Црна Гора – Србија, за да се види кога, со помош или сам, со кого и на кој начин влегол и излегол пребеганиот Груевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.