Статистиката говори дека секој човек, на годишен одмор, просечно е болен два до два ипол дена. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред патувањето и да понесеме: лекови, медицински заштитни материјали и медицинска козметика.
Сонце, вода, плажа… задолжително понесете крема за заштита од сонце, крема за после сончање, средства против алергии и креми за сончеви изгореници.
Пристигнувањето на плажа и море значи радост и игра, но тоа значи и часови поминати на сонце и контакт со различни иритативни агенси (солена вода, специфични бактерии на плажата, медузи) кои може да предизвикаат: Сончеви изгореници и алергии.
Да не се изложувате на сончеви зраци од 10 часот наутро се до 17 часот попладне, а кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен фактор половина час пред изложување. Нанесувајте крема секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело. Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средство наменето за по сончање.
Инсекти: задолжително понесете средство против инсекти (комарци) и средство за ублажување на болки од убоди од инсекти или медузиКомарците, осите и медузите, честопати се неизбежен „сопатник“ на одморот и важно е да имаме прва помош во случај на проблеми со нив.
Повреди: задолжително понесете средство за дезинфекција на рани, крема за ублажување на спортски повреди, средство против болки, фластери, завој, ханзапласт.
Летото е синоним за игра и постојано движење, а тоа на отворен простор знае да донесе и повреди (исеченици, исчашени зглобови). Затоа, не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј и слично.
Што треба да содржи вашата патна аптека?
1.Прва помош за проблеми при патувања
средство за смирување на стомачни тегоби и мачнина од патување (пробиотици)
лекови за намалување на зголемена телесна температура (антипиретици)
топломер
2.Прва помош за проблеми со изложеноста на сонце
крема за заштита од сонце и крема за после сончање
средства против алергии
крема против изгореници од сонце
3. Прва помош за проблеми со инсекти и друго
средство против инсекти (комарци)
крема за ублажување на болка од убоди од инсекти или медузи
средство за дезинфекција на рани (алкохол, јод)
пинцета
4. Прва помош при повреди
средство против болки (аналгетици)
фластери
завој
ханзапласт.