Британскиот весник „Гардијан“ веќе не прекрсти во Северна Македонија. Меѓу 50-те најдобри вина за претстојниот Божик предоложена е и нашата „Кратошија“ на винаријата „Тиквеш“ од Република Северна Македонија.
Иако на етикетата убаво си пишува „Република Македонија“, „Кратошија“ влегла во конкуренцијата на петте најдобри црвени вина со цена пониска од 10 фунти и се претставува како од Република Северна Македонија.
Затоа, пак, грчкото вино „Атма ксиномавро“ од винеријата „Тимиопулос“ е претставено како од „Македонија, Грција“, иако дистрибутерот го рекламира дека е од Северозападна Грција.