За британски „Гардијан“ ние сме Северна Македонија, а Македонија е грчка

Британскиот весник „Гардијан“ веќе не прекрсти во Северна Македонија. Меѓу 50-те најдобри вина за  претстојниот Божик предоложена е и нашата „Кратошија“ на винаријата „Тиквеш“ од Република Северна Македонија.
Иако на етикетата убаво си пишува „Република Македонија“, „Кратошија“ влегла во конкуренцијата на петте најдобри црвени вина со цена пониска од 10 фунти и се претставува како од Република Северна Македонија.
Затоа, пак, грчкото вино „Атма ксиномавро“ од винеријата „Тимиопулос“ е претставено како од „Македонија, Грција“, иако дистрибутерот го рекламира дека е од Северозападна Грција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.