За Бујар Османи идентитетот е затворено прашање, за Гоце ќе се разговара

За Бујар Османи идентитетот е затворено прашање, за Гоце ќе се разговара

Новиот министер за надворешни работи е оптимист дека со политички разговори ќе се надминат разликите со Бугарија.

Тој најави интензивирање на комуникацијата на политичко ниво, така што ситуацијата со Бугарија може да се реши преку билатерални договори.

Според него Македонскиот идентитет е затворен во и со Договорот од Преспа.

Бугарија е подготвена за разговори, но каде и кога засега не е договорено. Ова го изјавија од бугарската страна.

Германија пак, која што во моментов претседава со Европската Унија, смета дека билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.