За празниците возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

За време на велигденски празници, во петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред.
Во сабота, недела и понеделник, 27, 28 и 29 април автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.
По неделен возен ред автобусите ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот.
Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник, 29 април, ќе возат по неделен возен ред.
Жичарницата во вторник, 30 април, нема да работи. /МИА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.