За ВЕЛИГДЕН изведба на вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – СТАБАТ МАТЕР

По повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет и на ТВ 24 во недела (2 мај), со почеток во 17.45 ч. премиерно ќе биде прикажано возвишеното вокално-инструментално дело на Џовани Батиста Перголези – СТАБАТ МАТЕР.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, режисер: Дејан Прошев, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

Настапуваат солистите: Катерина Стојановска – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Ивана Коцевска – балетски солист, Оркестарот и Хорот на НОБ.

Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Светло мајстор: Милчо Александров, Kорепетитор: Јанинка Невчева

Користена е дел од сценографијата од оперската претстава „Тоска“- продукција на Националната опера и балет.

Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

„Стабат Матер“ е возвишено вокално-инструментално дело, христијанска химна на Дева Марија од XIII век, која го прикажува нејзиното страдање како мајка на Исус Христос за време на распетието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.