За вчерашните настани во Скопје и Тетово јавноста одговори да бара кај Мицкоски и неговиот коалиционен партнер Касами

Сите одговори на прашањата околу вчерашните настани во Скопје и Тетово, ДПМНЕ нека си ги побара од Христијан Мицкоски. Токму Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори. Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово, наведуваат од СДСМ.

За вчерашните настани во Скопје и Тетово јавноста одговори да бара кај Мицкоски и неговиот коалиционен партнер Касами

„Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.