За да не ви се лизгаат парите низ раце – обрнете внимание на некои работи

Дури и ако сте богати, расфрлањето со пари е глупава работа. Одвојте време и размислете на кој начин го правите тоа. Тие пари можете да ги употребите да му помогнете на некој друг, но и да го подобрите вашиот начин на живот. Народски кажано, да не ве праша староста каде би била младоста.

Постои едноставен трик кој ќе направи да се замислите на што ги фрлате парите. Замислете се себеси како ставате пари во кеса за ѓубре и ја носите в контејнер. Ако не „запали” тоа, издвојуваме пет начини да увидите дека навистина фрлате пари.

Купувате нови работи само затоа што се нови: Вие сте еден од оние кои чека навечер во ред за да го купи новиот „iPhone”, но знаете што, секогаш ќе има нов „iPhone”. Тоа не значи дека морате веднаш да го имате. Не станува збор за електроника. Само што се навикнавте на новиот автомобил, веќе сте кај дилерот и барате нови модели. Автомобилот губи 11 проценти од вредноста кога прв пат ќе седнете во него и 19 проценти во првата година. Не морате баш толку често да ги менувате.

Купувате работи кои не ви се потребни: Секогаш има некоја акција, и вие се туркате да влезете во продавницата, да купите работи кои не ви се потребни. Секогаш купувате за викенд и ја користите понудата “две за едно”, иако ниеден од тие примероци не ви се потребни.

Провизија на сметки: Плаќате провизии за користење на кредитни картички или тековни сметки. Плаќање на посебни провизии за користење на кредитни картички е глупава работа, бидејќи веќе сега постојат картички кај кои го нема тој трошок.

Истото важи и за тековната сметка или за користење на банкомат. Секогаш има банки кај кои тие трошоци ги нема. Нема потреба да ги користите услугите на неколку банки, одберете една која најмногу ви одговара.

Бонус картички: Не користите бонус картички во продавници во кои често купувате. Можеби не ви се допаѓа што локалната продавница ги има вашите лични податоци и го следи вашето купување во замена за попусти од дури 20 проценти. Ако не сте во програмот за заштита на сведоци, навистина вреди да ги замените личните информации за заштеда.

Готови јадења: Почесто јадете готови јадење отколку што јадете дома. Ако појадокот ви доаѓа во амбалажа од стиропор, ручекот во пластична, а вечерата ја одбирате од мени, тогаш секако трошите многу. Ако јадете дома, ќе минете барем 35 проценти поевтино.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.