За да се зачува семејството Италија забранува „шопинг“

За да се зачува семејството Италија забранува „шопинг“ во неделите.
Новата италијанска Влада до крајот на годинава најави дека во неделите ќе забрани купување во големите трговски центри.Вицепремиерот Ди Мајо објасни дека таквиот чекор се презема за да се зачува традицијата на неделните собири на семејството.„Либерализацијата (воведена од Монти), ги уништува италијанските семејства. Мора да почнеме повторно да го ограничиме времето на отворање и затворање на трговските центри“, рече Ди Мајо, инаку лидер на Движењето пет ѕвезди.Тој додаде дека големите продавници ќе мора да бидат затворени и за време на националните празници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.