За девојките што обожаваат да трошат: Едноставен трик што ќе ви помогне конечно да заштедите некој денар

Колкупати јасно и гласно сте си кажале самите на себе дека од следен месец сериозно ќе почнете да штедите? Постојат многу начини на кои можете да штедите, но овие методи најчесто траат по неколку месеци, и потоа едноставно се забораваат. На крајот од месецот повторно се наоѓате на нула, размислувајќи како да продолжите од тука.
Живеењето од плата до плата и чекањето покачување може само да ви ја влоши финансиската состојба. Токму затоа и ви препорачуваме да издвоите едно попладне за кратко размислување и да ги ставите нештата црно на бело, така што ќе направите едноставен план за трошење којшто ќе ви заштеди многу пари на долг рок.


Сè што треба да направите е да земете едно парче хартија и да ги напишете сите оние нешта на што би сакале да трошите пари, како на пример, нова облека, патување, шминка, мебел, возење со такси или автомобил… Вклучете ги сите нешта на што би потрошиле пари, без разлика за колку ситна сума станува збор.
Откако ќе ја имате листата пред себе, што со сигурност ќе биде многу долга, обидете се да ги издвоите приоритетите, односно наредете ги сите нешта што сте ги напишале според важност. Кога ќе ја завршите оваа листа, со најважните нешта на врвот, а најмалку важните на дното, размислете од што би можеле да се откажете, барем привремено, за да можете да уживате во оние нешта што ви се поприоритетни.
Следниот чекор е отворање нова сметка во банка што нема да биде поврзана со вашите картички и на која секој месец автоматски ќе се префрла одредена сума пари која вие самите ќе ја одредите за штедење. Водете се со мислата дека тие пари воопшто не постојат сè додека не ја достигнат бројката за приоритетите на вашата листа.
На овој начин не само што ќе научите како да живеете со помалку пари, туку и ќе заштедите доволно за да си ги дозволите сите оние нешта што одамна сте ги посакувале, но за кои едноставно не сте можеле да најдете пари. Исто така, ќе сфатите и дека некои нешта ви се навистина непотребни и само џабе фрлате пари за нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.