За драгите луѓе кои прерано си заминаа од овој свет

Не постои ден да не помислиме на нив. Тие имаа огромно влијание на нашите животи, а збогувањето со нив е една од најтешките работи кои моравме да ги направиме.
Нашите животи се празни без нив, болката не се намалува, а времето иако ги лечи раните, сепак недостигањето често е преголемо. Не е воопшто лесно, но барем знаеме дека тие не гледаат од небото, грижејќи се за нас.
Без оглед на тоа колку блиски бевме со тие луѓе, сепак тие имаа значајно место во нашиот живот. Беа тука за нас, беа нашата поддршка, ни даваа голема љубов. Посакуваме да можевме да ги видиме и слушнеме уште еднаш, но тоа е невозможно.


Благодарни сме им што беа дел од нашиот живот, лути му бевме на светот, на животот на Бог што ни ги одзема прерано, но мораме да го прифатиме тоа како дел од животот. Секој од нас се соочил со некаква загуба. Понекогаш кажувањето збогум со оние кои ни значат, а си заминуваат од овој свет е огромно, а понекогаш си заминуваат без збогум. Ни недостигаат постојано, но учиме да живееме без нив.
Се надеваме дека живеејќи го животот ги правиме горди, бидејќи тие би сакале да сме среќни. Веруваме дека не гледаат од горе, радувајќи се на нашите успеси, чувајќи не од светот. Тие се секогаш дел од нас.
Затоа, да се грижиме за оние кои ги сакаме додека се живи, бидејќи некогаш навистина е предоцна. Да не дозволиме да го живееме животот со каење мислејќи дека имаме вечност за да бидеме со нив. Денес сме тука, утре не. Да ги сакаме и чуваме нашите блиски пред да си заминат (прерано) од овој свет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.