Во синоќешното интервју за ТВ “21“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека за нив поприфатливо е претседателот на државата да се избира во Собранието.
– „Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција“, искоментира Ахмети за изјавата на Зекири „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.
-За 15 месеци ја ставивме на колена ВМРО, рече Ахмети.
На претстојните претседателски избори доколку во вториот круг нема цензус од 40 насто можно е претседателот на државата да се избира во Собрание, на што Ахмети одговори дека тоа за неговата партија е прифатливо.