среда, 25 ноември 2026
Најново

За една седмица нови седум смртни случаи од грип во земјава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје стои дека се регистрирани нови седум смртни случаи од компликации од грип во земјава. Починатите се на возраст од 37 до 82 години. Три лица се од Скопје, две од Кичево, и по еден од Ресен и Валандово.
Двајца од сега веќа починатите претходно немале други заболувања, а петмина имале хронични болести. ИЈЗ не излезе со информација каде биле лекувани заболените и во која здравствена установа починале. Од компликации од вирусот за неполни два месеца во државава починаа 22 лица.
Грипот кој годинава циркулира во Македонија е таканаречен свински грип, кој лабораториски е потврден и кај најголемиот дел од починатите.

Поврзани вести