среда, 25 ноември 2026
Најново

За едно деноноќие во Скопје 13 сообраќајки, тројца тешко повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 27 возачи за брзо возење, пет биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи и еден сопатник, во седум сообраќајки со лесни телесни повреди се здобиле девет лица, а во четири е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција издала 116 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило “пајак” подигнати се 89 возила.
Од сообраќај се исклучени шест нерегистрирани возила и две технички неисправни. На црвено светло поминале двајца возачи, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи не користеле сигурносен појас и 23 користеле мобилен телефон.

 

Поврзани вести