За Жбогар одложувањето на пописот е логично, за да нема политичко влијание

Логично е да се одложи пописот поради одлуката за предвремени избори, за да нема политичко влијание, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Во своето обраќање за Европскиот ден на статистиката тој рече се надева оти пописот ќе се одржи најдоцна до 2021 година, кога ваква статистичка операција ќе спроведат и други европски држави.
Жбогар уште вели дека разбрале дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надева дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Пописот, според Жбогар, ќе донесе нови податоци како најдобро да се креираат јавните политики за населението како што се здравството, образованието и управувањето со отпад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.