За Кацарска Законот за амнестија е предвреме донесен!

Во Собранието се изгласа селективниот Закон за амнестија кој ќе опфати поголем дел од обвинетите за „27 април“, а набрзо ќе треба да се спроведе и во пракса. Сепак сѐ уште не е јасно кого точно од обвинетите опфати. Според законот секој обвинет во рок од пет дена од правосилноста на законот треба да поднесе барање до судот да биде амнестиран. Судот го носи решението во рок од пет дена по приемот на барањето, но претходно мислење треба да даде јавната обвинителка Вилма Русковска.
Судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес, за “Независен весник“, изјави дека во законот има многу нејаснотии.
„Ваков закон досега не сме имале. Според мене ниеден факт не е докажен додека не се докаже во постапка, а за тоа треба целосно да заврши процесот. Во оваа фаза не требаше да се носи ваков закон и сметам дека е предвреме донесен“, вели Кацарска, за “Независен весник“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.