За кои работи е во ред ако ги украдете?

Кражбата навистина е злочин,  но постојат одредени работи за кој луѓето веруваат дека е прифатливо да се украдат, како на пример хотелските шампони и интернетот на соседите.
Пенкакалата од продавницата на ИКЕА како и овошје од супермаркетот исто така се наоѓаат на листата на работи за кој луѓето мислат дека може да ги украдат без грижа на совеста.  Во ова истражување повеќе од илјада возрасни личности  се запрашани што по нивно мислење е прифатливо да се украде. Без многу изненадувања работите, украдени од хотелите  се најдоа на самиот врв на листата. Дури 93 проценти од луѓето мислат дека е потполно во ред ако украдат ситници од хотелските соби.
На второ место се наоѓа незаштитениот интернет. Дури 88 проценти од испитаниците без никаков проблем би го користеле туѓиот интернет ако истиот не е заштитен со лозинка.
Повеќе од 55 проценти сметаат дека е во ред со себе после вечерата да понесат зачини од ресторанот сол или бибер, додека  за 37 проценти сосема прифатливо е земањето на кригли од пивницата.
Работното место исто така не е поштедено од долгите прсти, па така 27 проценти од испитаниците признаваат дека од канцеларијата земале пенкала , маркери , пликоа и бележници.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Кражбата навистина е злочин,  но постојат одредени работи за кој луѓето веруваат дека е прифатливо да се украдат, како на пример хотелските ша

Пронајдете не на следниве мрежи: