За малку ке ме отепаа – изјави Бутарис, градоначалникот на Солун со македонско потекло

Четворица напаѓачи се уапсени за нападот врз Бутарис. Овој немил настан предизвика лавина реакции насекаде низ Европа. Некои сметаа дека е нападнат и заради неговите промакедонски ставови. Осомничените се на возраст меѓу 17 и 36 години и се обвинети за тешки телесни повреди и прекршување на јавниот ред и мир. Според грчките медиуми тие се изнесени пред јавен обвинител. Градоначалникот на Солун пред судот ќе се појави како физичко лице – жртва на нападот. Тој поднесе тужба против неидентификувани лица и ќе биде сослушан како сведок. Градоначалникот на Солун беше нападнат со клоци и удиран по целото тело време на церемонијата во чест на грчките жртви убиени од Турците за време на Првата светска војна. Еден од осомничените, наводно пред судот изјавил дека е лут поради изјава на Бутарис за пријателски односи со Турција.
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис(75), се здоби со повреди на главата, грбот и нозете откако го нападнаа со шишиња и клоци на комеморацијата во Солун по повод одбележување на генецидот врз Пондите. Го нападнаа група екстремисти. Фотографот Костас Цакалидис, за „Ал џезира“ изјавил дека ставот на Бутарис за спорот со името е една од причините зошто националистите го нападнаа. „Група луѓе почнаа да викаат по него за неговите ставови околу спорот со Македонија, ЛГБТ заедницата, Турција и националистичките фудбалски клубови. Некои од луѓето извикуваа поради Евреите затоа што тој има блиски односи со еврејската заедница“- вели Цакалидис. Додава дека некои од напаѓачите ги видел на ултранационалистичките протести. Во нападот Бутарис падна и додека лежеше на земја еден од насилниците продолжи да го удира со клоци, објаснува фотографот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.