недела, 22 ноември 2026
Најново

За малку ќе и испаднеа огромните гради од фустанот! Кајли Џенер ги стави сите во транс на модната недела во Париз 

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кајли Џенер воодушеви со својот провокативен стајлинг на модната недела во Париз.

Кајли Џенер присуствуваше на ревијата на Жан Пол Готје пролет-лето 2025 за време на модната недела во Париз и ги шокираше сите присутни со нејзината облека. Провокативниот стајлинг на Кајли ЏенерТаа носеше светкав фустан кој се состоеше од кафеав корсет, додека долниот дел од фустанот се состоеше од долго златно парче кое одлично и прилегаше на фигурата и ги истакна нејзините бујни облини.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

@___ke___j @Kylie Jenner for @JeanPaulGaultier ❤️HAUTE COUTURE #fashion #kyliejenner #jeanpaulgaultier ♬ som original – Kyky

Најпровокативниот дел од нејзиниот аутфит беше позлатен горен дел со длабок V-деколте сè до стомакот, оставајќи малку на имагинацијата. Кајли и овојпат остави впечаток на ревијата, но не беше само нејзиното појавување кое привлече внимание за време на модната недела во Париз.

Таа, исто така, се појави и воодушеви на шоуто на Шанел пролет-лето 2025 година. Кајли носеше бел дводелен костум со здолниште Шанел, со јакна која го откриваше нејзиниот стомак.

Целиот изглед беше комплетиран со црни додатоци, вклучувајќи мала правоаголна чанта, очила за сонце и златни шилки.

Поврзани вести