За мајките кои секој ден водат тешки битки за своите деца

Ним не ги интересира политиката, не ги интересираат избори, тие сакаат само подобри времиња за своите деца.
Се будат рано наутро носејќи огромен товар на себе. Во ниту еден дел од денот не престануваат да мислат на своите деца, тие се секогаш во нивните мисли. Се плашат за нивната сегашност, за нивната иднина, за тоа во какво време живеат и какви времиња доаѓаат. Овие мајки постојано размислуваат како да им го подобрат животот на своите деца. И животот би го дале за да им биде подобро на нивните мали ангелчиња.
Одат со глава во ѕид, се обидуваат да срушат планини.
Но, некогаш тоа не е доволно. Често, потребна е поддршка од другите. Најголема поддршка е потребна од системот, од оние кои се дел од него и кои земаат плати од граѓаните. Тие често остануваат неми и глуви на барањата на овие мајки.


Мајките кои се соочуваат со лоша грижа во градинките и училиштата, лоши услови во здравството, лоша безбедност на патиштата. Некои од нив имаат болни деца, други деца со посебни потреби, трети деца на кои им е потребна посебна грижа, а чести се и оние на кои финансиите не им стигаат од почеток до крај на месецот и самите знаат како крпат крај со крај.
Потребни се подобри услови за овие мајки. За сите родители.
Тие не размислуваат за Грујо и Заев, не мислат на барокот и електрични тротинети, тие само сакаат да одат на спиење знаејќи дека нивните деца се среќни, здрави и безбедни. Тие се хероини чии гласови често се стишени поради системот со кој се соочуваат. Тие се хероини кои и покрај тоа гласно и силно ќе се борат со него само заради своите дечиња.
Да не заборавиме на овие мајки. Да им помогнеме таму каде што можеме. Нивната битка е можеби тивка, но постојана и измачувачка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.