За мека и свиленкава кожа: Евтин пилинг од зелен чај

Пилингот е важен дел од личната нега – тој ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја прави да изгледа посветло и поздраво. Но, знаете ли што е чудесно за вашата кожа? Зелениот чај! Зелениот чај е полн со антиоксиданси и витамини кои ѝ помагаат на кожата да го добие посакуваниот сјај.
Пилингот од зелен чај ќе ви помогне да ги релаксирате сите сетила, а тој е доволно нежен за да се користи и на вашето лице и тело. Уште подобро е тоа што пилингот е евтин, а неговата подготовка трае 5 минути. Овој магичен пилинг е толку едноставен за припрема што не постои причина зошто не би го пробале.
Се што ви е потребно е зелен чај, шеќер и маслиново масло.


Зелениот чај е полн со антиоксиданси и витамини кои успешно се борат против воспаленијата и ги намалуваат црвенилата и иритациите.
Шеќерот претставува нежен пилинг за отстранување на мртвите клетки од кожата.
Маслиновото масло е полно со витамин Е и антиоксиданси кои се здрави за вашата кожа и претставува природен навлажнувач.

Потребни состојки:
– 1 голема лажичка рефус зелен чај
– 1/2 шолја шеќер
– 1 лажичка маслиново масло
– 5-10 капки етерично масло (по желба)
Начин на подготовка:
Помешајте го шеќерот со листовите зелен чај. Потоа, додадете го маслиновото масло и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Ваквиот пилинг треба да се чува на суво и темно место, а истиот има рок од 4 месеци.
Совет плус: Наместо маслиново масло, можете да користите и масло од авокадо или кокосово масло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.