За Меркел Македонија е веќе Северна

Во само една изјава на синоќешната заедничка прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина германската канцеларка Ангела Меркел дури три пати за северниот сосед на Грција рече -„Северна Македонија“.
– Верувам дека решението Северна Македонија разјаснува и ѝ овозможува на Северна Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ; исто така ѝ помага на Грција … дава (евроатлантски) перспективи за земјите од Западен Балкан; тоа не е од полза само за Северна Македонија, туку и за Грција и за цела Европа, рече Меркел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.