сабота, 21 ноември 2026
Најново

„За минимална плата од 500 евра веќе не треба да се разговара“: Трендафилов бара сериозна дискусија за 600-700 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ рече дека дебатата за минимална плата од 500 евра е веќе надмината и дека треба да се отвори сериозна дискусија за износ од 600 до 700 евра.

„Се бориме за зголемување на минималната плата и гледам дека постои одредено расположение за тоа. Како ССМ ова го правиме од почетокот на годината и сме подготвени и на протести и штрајкови. Во изминатиов период сакавме аргументирано да обезбедиме релевантни податоци, бидејќи бевме обвинувани“, рече Трендафилов.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека анализите со кои располага ССМ се во корист на работниците, но, како што нагласи, истовремено се и фрапантни и укажуваат на потребата од итно подобрување на примањата.

Поврзани вести