Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, објави Сојузот на синдикати. Споредена со октомври, таа поскапела за 469 денари.
Податците покажуваат дека 36,6 проценти, или 25.902 денари се наменети за храна.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, ноемвриската кошница изнесува 86.202 денари. Синдикалната кошница е пресметана за двајца возрасни и две деца од училишна возраст.






