петок, 20 ноември 2026
Најново

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

За храна и пијалаци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облека и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.370 денари, за транспорт 5.175 денари, ресторани и хотели 4.131, за комуникациии 3.677, за хигиена 2.692, за здравје 1.196 денари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за август изнесува 84.050 денари.

Поврзани вести