За “мир во куќа“: Негувајте ги врската и бракот со овие навики

За да имате добра врска и брак потребно е да работите на тоа. Ова се неколку чекори што гарантираат мир во куќата.
Не работете навечер
Се може да почека до утре. Подобро е да го поминете тоа време со партнерот.
Не зборувајте за проблемите пред да заспиете
Ако нешто ве мачи во текот на денот подобро е да зборувате веднаш за тоа, отколку да чекате за вечерта. Разговарајте за убави нешта навечер, смејте се, создадете пријатна атмосфера за себе.
Прегрнете се
По напорниот ден на работа, бакнежите и прегратките се токму тоа што ви треба на двајцата. Понекогаш, едноставна мала прегратка може да ја извлече целата негативна енергија од Вас и да Ве наполни со сила.


Одете во кревет во исто време
Поставете го како заедничка навика за Вас двајцата, бидејќи тоа ќе Ве зближи.
Оставете го телефонот
Статистички 8 од 10 парови, заспиваат со телефонот во рака. Подобро е да поминете време со партнерот, отколку да пребарувате на Интернет.
Испратете ги децата да спијат во друга просторија
Двајцата треба да имате свој личен простор. Децата можат да спијат со Вас понекогаш, но тоа не треба да стане навика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.