Пејачот Мирослав Илиќ , кој има богата музичка кариера и бројни хитови, еднаш откри колку пари му се потребни за еден месец за да води пристоен живот.– Не сакам да се фалам со тие работи. Отсекогаш сум презирал приказни за авиони, камиони, јахти и такви работи. Нормално е дека ќе имаш сè што сакаш ако работиш и заработуваш. Сметам дека никој не треба да се меша во туѓи имоти – рече Мирослав.-Сите овие години работев и заработував. Колку и да заработувате, секогаш ни е малку. За мои потреби се доволни околу 3.000 евра месечно. Се додека плаќаш за ова, плаќаш за тоа, купувај ова, купувај го тоа, ти останува доволно за пристоен живот – изјави во една прилика за тамошните медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи: