За мојата умирачка ќе почекате, порача Џамбазов на видео-порака

Игор Џамбазов со видео-порака демантираше дека завршил во болница и дека е итно опериран. Популарниот актер, шоумен и писател во негов препознатлив стил објаснува дека му годи што денеска кога медиумите беа фокусирани на важни општествено-политички случувања се сетиле и на него.
– Петок навечер за мене е резервиран за германски и шпански фудбал. На полувремето имав што да видам. За мојата умирачка, за таа работа ќе почекате малку. Македонијо прибери се! – порача меѓу другото Џамбазов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.