НЕ ПОСТОЈАТ ВЕСНИЦИ, НЕМА ИСТОРИЈА, НЕМА КАКО ДА СЕ ПРОВЕРИ ШТО СЕ СЛУЧИЛО НЕКОЈ ДЕН. ОСТАНУВААТ ЕМИСИИТЕ КАКО ДИГИТАЛЕН ОТИСОК, КАКО НОВ НАЧИН ЗА ПРОВЕРКА ШТО СЕ СЛУЧИЛО И КАКО ВЛИЈАЕЛО НА ОПШТЕСТВОТО…
НОВОТО МОТО НА МЕДИОКРИТЕТИТЕ ПЕНЕТРИРАНИ ВО СИСТЕМОТ:
ДА ИМ/МУ ДАДЕМЕ ШАНСА
ДА ИМ ДАДЕМЕ ШАНСА? ПО ПРАВИЛО ТОА ГО ВЕЛАТ ТИЕ КОИ ПРЕКУ РЕД, БЕЗ РЕАЛНА ОСНОВА И СПОРЕД КРИТЕРИУМ ДОБИЛЕ ТАКВА ШАНСА. ПО ПРАВИЛО ТОА СЕ НЕЧИИ ЌЕРКИ, СИНОВИ, ИЛИ ДУРИ И ВНУЦИ. САМО МОЖЕ ДА НЕ ЗНАЕТЕ ЧИИ БИДЕЈЌИ КОРЕЊАТА ВО СИСТЕМОТ ИМ СЕ ДЛАБОКИ И СОКРИЕНИ. ЧЕСТО И ПРЕЗИМИЊАТА СЕ СМЕНЕТИ ЗА ДА НЕМА АСОЦИЈАЦИЈА, ДА НЕМА НИШТО ВИДЛИВО ДА ГИ ПОВРЗЕ И ДА СЕ ДЕМАСКИРА ЛАГАТА.
СЕУШТЕ НЕ СМЕ СЕ ОСЛОБОДИЛЕ ОД НАШИ ДЕЦА. ГИ ИМА НАСЕКАДЕ. ВО СИТЕ КАБИНЕТИ, ВО СИТЕ МИНИСТЕРСТВА ДИРЕКЦИИ, ВО ПАРЛАМЕНТОТ И ВО ПАРТИИТЕ, ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА А НАЈНОВО И ВО СИТЕ ФИРМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА.
ВО МЕЃУВРЕМЕ НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА КАКО ДА ПРОИЗВЕДАТ СТРУЈА ОД ВОЗДУХ. ЕНЗИМ КОЈ СЕ ХРАНИ СО ДЕЛОВИ ОД ВОЗДУХОТ КАКО ИЗЛЕЗ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА. МОЖНОСТИТЕ СЕ БЕСКОНЕЧНИ И ВО ПЕРСПЕКТИВА СТРУЈАТА БИ ТРЕБАЛО ДА ЈА СВЕДАТ НА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ИСТАТА ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ЗЕЛЕНА КАКО И БЕСПЛАТНА. ДА НЕ БИДЕ ПОСЛЕ ЏАБЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА И КЛАНОВИ ВО СОЛАРНИ И ХИДРО ЦЕНТРАЛИ?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.