За невакцинираните нема аџилак во Мека, одлучи Саудиска Арабија

Муслиманите кои не сакаат да се вакцинираат против COVID-19 нема да можат да дојдат во Мека на годишниот аџилак. Вака одлучија здравствените власти во Саудиска Арабија.
Својата одлука Министерството за здравство на Кралството Саудиска Арабија ја потврди денеска преку соопштение во кое се наведува дека „главниот услов за учество“ на аџилакот ќе биде потврда за примена вакцина против COVID-19. Министерот за здравство, Туфик Ал Рабја соопшти дека „задолжителна вакцинација ќе биде услов за секој аџија“.
Секој муслиман има обрска еднаш во животот да го направи аџилакот во Мека, наречен хаџ. Може да го направи и повеќе пати, но еднаш е задолжително. Аџилакот треа пет дена преку серија на ритуали кои се изведуваат во Мека, а околу два милиона аџии го преплавуваат градот кој се смета за престолнина на исламот. Оваа година хаџот ќе се случи од 17 до 22 јули.
Министерството за здравство засега не појаснува дали овогодинешниот хаџ ќе биде отворен за странците или ќе се сведе само на жителите на Саудиска Арабија. Лани хаџот се случи со само илјада аџии, сите домашни. Она што е сигурно е дека и домашните аџии ќе мора да бидат вакцинирани.
Саудиска Арабија вакцинацијата ја почна на 17 декември со вакцините на Moderna, Pfizer/BioNTech и AstraZeneca. Досега во Кралството се регистрирани 377.700 заразени, а 6.500 лица починаа како последица од вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.