За нови 30 дена продолжен куќниот притвор на Груби

За нови 30 дена е продолжен куќниот притвор на поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби.
Мерката куќен притвор му беше изречена на 23 февруари кога Груби се врати во државата по повеќе од една година бегство.
   Груби е второосомничен во случајот за проневера во „Државна лотарија“.
Ова е второ продолжување на мерката куќен притвор,а доколку по истекот на 30-те дена, се побара ново продолжување на мерката, тогаш за тоа ќе треба да одлучува Апелациониот суд.
Груби успеа да избега од државата и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Тогаш Груби тврдеше дека не е избеган туку дека е во приватна посета на Косово.

Пронајдете не на следниве мрежи: