За обична прошетка носи комбинација која чини брдо пари: Сите гледаа во Розга среде улица која се прошета со шест илјади евра

Хрватската пејачка Јелена Розга (43) неодамна објави фотографии од својата прошетка, а наместо таа целото внимание го привлече нејзината комбинација која чини цело брдо пари.
Имено познатата пејачка сподели фотографија на својот Инстаграм профил од Сплит, а фановите веднаш ја забележаа нејзината комбинација која ниту помалку, ниту повеќе чини цели шест илјади евра.
Со оглед дека е многу студено овој период, пејачката се одлучи да облече бунда од брендот „Max Mara“ кој чини 3 илјади евра.
Таа сето ова го комбинираше со шал од брендот „Loewe“, кој чини 225 евра, додека нејзините чизми од брендот „Bottegga Veneta“ се во вредност од 887 евра.
Истите овие чизми инаку меѓу познатите се вистински хит, а прва ги имаше сопругата на српскиот фудбалер Матеа Ковачиќ, манекенката Изабела.
Како јаготка на шлагот од оваа модна комбинација се издвојува чантата на Розга која чини 1900 евра и е од брендот „Yves Saubt Laurent“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.