Судијата Седат Реџепаѓиќ на претходна постапка по рочиште од девет часа, одлучи да не им определи притвор на тројцата осомничени, пренесува Макфакс.
Наместо тоа, на Коле Смилевски судот му го одзеде пасошот, а за останатите двајца меѓу кои и ексградоначалникот на Кочани, им беа изречени мерки да се јавуваат во судот. Специјалното јавно обвинителство најави жалба во врска со оваа судска одлука.
Истрагата „Поштенска банка” е финансиска истрага, во која девет лица се осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот закон. Со истрагата се опфатени лицата Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.