За почист Карпош

На Светскиот ден на чистење, 15 септември, Општина Карпош орагнизира голема акција за чистење со што ќе даде конкретен придонес во заштитата на животната средина и грижата за локалната заедница со што ќе се обиде да ја подигне јавната свест на повисоко ниво.
Акцијата ќе започне во 09:00 часот, а во неа покрај комуналните служби ќе се приклучат општинската администрација и раковотството, членови на Советот, и општествено одговорни компании и организации.
Заинтересираните граѓани, кои сакаат да дадат свој придонес на оваа акција, ќе можат да се приклучат на 9 собирни места во Општината, а таа ќе обезбеди соодветна опрема за чистење како ракавици и кеси за собирање на отпадот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.