Опозициската СДСМ најавува дека будно ќе го следи процесот на судење за трагедијата во Кочани и дека ќе се спротистави на секој обид на манипулација или прикривање на вистината.
Лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција рече дека судењето за Кочани е тест за целото општество и дека мора отворено да се води пред очите на јавноста.
Филипче рече дека нема да се откажат од барањето за откривање на вистината за трагедијата во Кочани.
– Затоа побаравме и Анкетна комисија во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од ова трагедија, рече Филипче.


