За случајот МОЌНИК Милошоски доби обвинение, заедно со уште 12 лица

За случајот МОЌНИК Милошоски доби обвинение, заедно со уште 12 лица

Обвинителстово денеска поднесе обвинителен акт за случајот познат како “Моќник” во кој меѓу осомничените е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, како и неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски Брод Милосим Војнески. Овој случај е беше отворен пред две ипол години, и истрагата која ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи.

Се до денеска осомничените се чекаа да направат увид во предметот, а сега откако обвинителниот акт е поднесен се очекува одлука на Кривичниот суд дали ќе го прифати обвинението..

Во овој случај осомничени се 13 лица, од кои за 10 е поднесен обвинителен предлог. Милошоски се товари дека како пратеник “Моќник” влијаел да се распродаде државен имот во Македонски брод на неговиот татко.

“Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом”, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта – Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница. – соопшти јавното обвинителство.

Освен измамата околу објектот, Милошоски се товари и за нарачана лустрација. Па затоаобвинение е поднесено и за поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев. “Моќник” е првата истрага која е преточена во обвинение по згаснувањето на СЈО.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.