За совршен сјај ставете половина лимон во машината за садови

Ако сакате совршено сјајни садови и прибор за јадење, но и за да отстраните бигор, едноставно ставете половина искористен лимон (без семиња) во машината за миење садови.
Шантел Мила, позната по тоа што на TikTok споделува трикови за чистење, го сподели и овој совет со своите 438.000 следбеници.
Во своето најново видео, тиктокерка од Мелбурн стави половина лимон на горната фиока од машината за миење садови помеѓу валканите садови и го вклучи апаратот.
Лимонската киселина во лимонот го чисти бигорот и ја дезодорира машината за миење садови, додека садовите прави да изгледаат брилијантно чисти.
„Ова е совет за минимизирање на кујнскиот отпад, јас користев лимони (исцедени со отстранети семиња), но можете да користите и сок од лимон“, напиша Шантел во коментарите.
Шантел предупреди дека треба да се користат само користени парчиња лимон без семиња, бидејќи семето може да се заглави во цевките на машината за миење садови, што доведува до технички проблеми.

@mama_mila_Don’t throw away the secret to your shiny dishes ✨ #LearnOnTikTok #TikTokPartner #hometips

♬ original sound – ALTÉGO


Но, овој итар трик треба да се користи само повремено, не секој пат кога ја користите машина за миење садови, бидејќи се верува дека киселоста може да ја оштети гумата во апаратот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.