Што направи Владата за сто дена пишува на Фејсбук професорката од Штипскиот универзитет, Тамара Јованов.
– За 100 дена власт, отворија нови министерски позиции и се изнаставаа стотици директори, заменици директори, координатори, специјални претставници…
Во меѓувреме:
Изгореа планините – набавка на опрема јок.
Не го изгласаа законот за заштита од пожари во иднина.
Дадоа државно земјиште за бизнис со ветерници на странци.
Донираа средства за Украина.
Прекршија низа закони и Устав.
Си ги открија милионерите во партија, ама не и потеклото на имот.
Дадоа 34.5 милиони за кампус на трет албански универзитет.
Воведоа молитва во Собрание.
Балансерот стоо!
Ја крунисаа Северна!
Сдс, вие ли сте!?
Македонци, горди ли сте? – напиша Јованов.