За успешна идна соработка, и едно извинување

Преку 200 епизоди во живо на „Тешки Муабети“, преку 50 „Сајбер Команди“, неколку илјади „шорт“ видеа и уште толку видеа со најважните поенти од емисиите немаше да бидат возможни без гледачите, но и без колегите од телевизиите, особено без Канал 5 телевизија чии материјали од одличните „Само Вистина“, „Само интервју“ и подкастот на колегата Иван Мирчевски „На кавга со…“ мораме да признаеме дека допринесоа за гледаноста на „Тешки Муабети“.
На колегите од Канал 5 телевизија им се извинуваме што овие материјали ги искористивме без претходен договор, за што верувам дека следната сезона заеднички и со договор ќе воспоставиме професионална соработка.

А.Митовски

Пронајдете не на следниве мрежи: